IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Работилница за старт-ап, бизнис, крафтс во Скопје

На 27.06.2018 година, од 09:00 до 17:00 часот во хотел Порта, Скопје,  се одржа и последната работилница за старт-ап, бизнис, крафт, од проектно зацртаните 9 (девет), каде свое учество имаше и НЕКСТ-ЕМ.

Јавна расправа за објава на работна верзија на национална стратегија на сајбер безбедност

На покана на Министерството за информатичко општество и администрација, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на јавната расправа за работна верзија на Националната стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија. Јавната расправа  се одржа во среда, 13 Јуни 2018 година, од 10 часот во  Клубот на пратеници, Скопје.

Тркалезна маса: Креирање на јавни политики

Граѓанската алијанса за транспарентност заедно со Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и Евротинк – Центарот за европски стратегии  организираа Тркалезна маса која се одржа на 4 Јуни (понеделник) 2018 год. во Хотел Александар Палас со почеток во 10 часот.

„Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“

Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис и Центарот за европски стратегии Евротинк имаа презентација за проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој се спроведува во наредните 3 години, со поддршка од Европската Унија. Настанот  се одржа на 1 Јуни 2018 година (петок) од 11 часот во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, Дневна сала.

Промотивна работилница "Поттик на МСП иновативни капацитети"

На покана на Регионалниот Бизнис Центар, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на работилница за промоција на Проектот "Поттик на МСП иновативни капацитети"  која се одржа во четврток, 31 Мај 2018 година, од 11 часот во ресторан „Ден и ноќ“, Скопје. На работилницата имаше повеќе презентации, со цел да се добијат информации за проектните активности и очекуваните резултати на проектот, како и за можноста да се биде една од фирмите корисници на бесплатна ново воспоставена услуга: пополнување на прашалникот за само-оценка на иновативниот капацитет на фирмата и изработка на Акциски Иновативен План.

     
Syndicate content