IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Презентација на 5-от извештај за работата на АВМУ и АЕК

Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права, имаа презентација на петтиот мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch“.

Презентацијата се одржа на 22 февруари (четврток) 2018, во хотел Холидеј Ин, во Скопје, сала Скала, со почеток во 11:30 часот. На овој настан, говореа, Дејан Георгиевски, Извршен директор на Центар за развој на медиуми, доц. д-р Даниела Мамучевска, УКИМ – Економски Факултет – Скопје, Горан Лазаров, Проектен координатор од ЕВРОТИНК, Билјана Бејкова, Извршна директорка на НВО Инфоцентар. Модератор беше Александар Колекески, односи со јавност од ЕВРОТИНК. Проектот е поддржан од Британската амбасада во Скопје.