IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Тарифник

НЕКСТ-ЕМ дооел како овластен регистрар, врши регистрација на нови домени, пререгистрација на веќе регистрирани домени, како и обнова за истите од наредната година.

Одлука

НЕКСТ-ЕМ дооел како овластен регистрар од МАРнет, смета дека треба да Ви појасни одредени информации за да полесно го разберете целиот процес и ја завршите целата процедура без притисоци и непотребни нервози.
Во моментов е актуелно секој домен да се пререгистрира, да се избере регистрар, и да се премине од МАРнет кон избраниот регистрар, со што во иднина наплатата ќе ја врши регистрарот кој сте го избрале, а регистрарот се раздолжува кон МАРнет. Ова е битно да го знаете дека само пререгистрација, без продолжување на доменот, не значи ништо, затоа што по валидноста на доменот, и по временскиот рок кој е даден во Правилникот на МАРнет, доменот може да се избрише. Затоа би сакале да Ви кажеме дека кај нас, пререгистрација, значи автоматски и продолжување на доменот, а обнова може да биде од наредната година, кога доменот веќе е пререгистриран, и само се обновува времетраењето на доменот за наредниот период. Да сумираме, пререгистрацијата започна од 01 Април 2014 год. и ќе трае до 31 Март 2015 год.
Сите домени кои се веќе регистрирани во МАРнет досега, мора да се пререгистрираат бидејќи МАРнет повеќе не врши регистрација/обнова на домени. Тоа го прават овластени регистрари. Доколку имате домен, тој мора да се пререгистрира, што воедно значи и обнова на доменот, доколку не го пререгистрирате, не можете ни да го обновите.

АЕК – Прв јавен состанок за 2014 год.

На покана на Агенцијата за електронски комуникации, НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ присуствуваше на   Првиот јавен состанок за 2014 год. кој се одржа на 22 Мај 2014 год. со почеток во 10 ч. во новата административна зграда на АЕК – Бизнис сала.
Агенцијата за електронски комуникации воведе нова регулатива за побрз интернет до корисниците.

Велигденска честитка

НЕКСТ-ЕМ дооел, им ги честита Велигденските празници, со желби за добро здравје, среќа и успех во понатамошната соработка, на своите партнери, соработници, клиенти, како и на граѓаните на Република Македонија, од Православна и Католичка вероисповед.

Известување

Почитувани клиенти,
НЕКСТ-ЕМ дооел како овластен регистрар од МАРнет, смета дека треба да Ви појасни одредени информации за да полесно го разберете целиот процес и ја завршите целата процедура без притисоци и непотребни нервози.
НЕКСТ-ЕМ дооел нуди регистрација на нови домени, пререгистрација на постоечките домени, како и обнова на домени (од наредната година) на веќе пререгистрираните домени.

Во моментов е актуелно секој домен да се пререгистрира, да се избере регистрар, и да се премине од МАРнет кон избраниот регистрар, со што во иднина наплатата ќе ја врши регистрарот кој сте го избрале, а регистрарот се раздолжува кон МАРнет. Ова е битно да го знаете дека само пререгистрација, без продолжување на доменот, не значи ништо, затоа што по валидноста на доменот, и по временскиот рок кој е даден во правилникот на МАРнет, доменот може да се избрише. Затоа би сакале да Ви кажеме дека кај нас, пререгистрација, значи автоматски и продолжување на доменот, а обнова може да биде од наредната година, кога доменот веќе е пререгистриран, и само се обновува времетраењето на доменот за наредниот период. Да сумираме, пререгистрацијата започна од 01 Април 2014 год. и ќе трае до 31 Март 2015 год.
Се надеваме дека успеавме да Ви го објасниме целиот процес, за да не се збуните од дезинформациите кои ги има во јавноста, a изборот на регистрар ќе биде Ваша одлука и ние тоа ќе го почитуваме.

Во врска со горенаведеното, НЕКСТ-ЕМ дооел нуди:

  • Регистрација на нов домен – 800 ден. + 18% ддв = 944 ден.
  • Пререгистрација на домен (со продолжување за 1 година) – 400 ден. + 18% ддв = 472 ден.
  • Обнова на домен – 400 ден. + 18% ддв = 472 ден.

Доколку Ви се потребни дополнителни информации, Ви стоиме на располагање.

     
Syndicate content